Општество
ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ГЕРМАНСКОТО СТОПАНСТВО ВО МАКЕДОНИЈА СТАРТУВА СО ТРИГОДИШЕН ПРОЕКТОТ ЗА ДУАЛНО СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ КОЈ ЌЕ БИДЕ ВОДЕН ПО ГЕРМАНСКИ ТЕРК


Денешната конференција ја отвори Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија.  Тој смета дека овој проект е од особено значење за развојот во стопанството во Македонија и голем број на проблеми ќе се решат со неговата имплементација. Проектот е поддржан од Министерството за економија на СР Германија и се спроведува во шест држави, Македонија е едната од нив.

Со овој проект ќе им помогнеме на компаниите кои работат во индустријата да обезбедат стручен кадар со тоа што учениците уште за време на своето средно образование ќе бидат  подготвувани за работа во конкретна компанија-  соопшти Мартенс. И  за двете страни имаме Вин Вин ситуација, компаниите кои нема да губат време и финансии во едукација на новиот кадар и ученици кои може да се чувствуваат сигурно дека по завршувањето на нивното средно образование ќе се вработат во компанијата во која се стекнале со пракса за време на своето средно образование – вели Мартенс.

Според АВРМ дури 25% од популацијата на возраст од 25 години во РМ се невработени, тоа се поразителни бројки за нашата земја и под итно мора да се преземат мерки за решавање на овој проблем- соопшти Кочо Анѓушев, вицепремиерот за економски прашања

Идејата за дуално стручно образование ја поздрави Владата на Република Македонија, која ќе обезбеди услови за полесно имплементирање на проектот како и ќе одвои одредени средства од буџетот за поддршка на компаниите.

Не е во ред младите луѓе да ги качуваме на мост, мост кој се вика надеж и да ги насочуваме да се определат за универзитетско образование, а потоа да не може да најдат соодветно вработување“- рече Анѓушев.

Една држава не може да опстане во која дури 95% од популацијата е со високо образование- кажа Анѓушев.

Во Германија може да се пофалиме дека сме држава во Европа со најниска стапка на невработеност кај младата популација (7,3%) и сето тоа е благодарение на овој систем на едукација- соопшти Мартина Колберг, од Министерството за економија и енергетика на Сојузна Република Германија. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top