Е-Б-Ф-Б
ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД ЗЛАТНИ МЕДАЛИ ЗА ВРВНИТЕ ВИНА БЕЛА ВОДА ВО КИНА

блиц Македонија

На годинешниот Чајна вајн енд спиритс 2017 (China Wine & Spirits 2017), врвното тероар бело вино Бела вода 2016 е наградено со двоен златен медал, а црвеното Бела вода 2015 со златен медал. Овие високи награди за вината на Тиквеш се освоени во конкуренција од над пет илјади светски вински брендови кои се селектирани и оценувани од страна на претставници на најголемите увозници на вино, ресторани, хотели, специјализирани продавници и трговски синџири во Кина. „Исклучително сме задоволни од повторувањето на минатогодишниот успех на овој натпревар. Тоа го зајакнува потенцијалот за унапредување на позициите на нашите врвни вина на овој голем вински пазар каде што конкуренцијата е голема и ја сочинуваат водечките глобални вински брендови и производители. Веруваме дека тоа ќе има влијание врз зголемувањето на пласманот на нашите вина на кинескиот пазар бидејќи оценувањата и наградите ги доделуваат оние кои точно знаат што сакаат потрошувачите на кинескиот пазар“, објаснува генералниот директор на ВВ Тиквеш, Радош Вукиќевиќ.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top