Е-Б-Ф-Б
КОКА-КОЛА ХБЦ (COCA-COLA HBC) И ПИВАРА СКОПЈЕ ПОВТОРНО СВЕТСКИ ЛИДЕРИ ВО ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ

блиц Македонија

 

Пивара Скопје заедно со останатите членки на Кока-Кола ХБЦ (Coca-Cola HBC) групацијата и оваа година го освоија првото место во светската индустрија за пијалаци според остварените резултати во одржливиот развој и заштитата на животната средина. Во годинешното глобално рангирање кое го спроведува Дау Џонс индекси за одржливост (The Dow Jones Sustainability Indices - DJSI), групацијата Кока-Кола ХБЦ повторно освои најмногу поени (90), што е дури 38 поени повеќе од просекот на останатите компании од светската индустрија за пијалаци. Ваквиот резултат, четврта година последователно, им го донесе на Пивара Скопје и на останатите компании статусот  глобални лидери во одржливост, успех кој досега не го постигнала ниедна друга компанија или групација од индустријата за пијалаци. „Да се биде дел од групација која четврти пат по ред е прогласена за глобален лидер според резултатите и заложбите за одржливост е огромно признание за сите вработени во Пивара Скопје, како и за сите наши партнери, соработници, купувачи и потрошувачи на нашите производи“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Јован Радосављевиќ.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top