Општество
„ФАМИЛИЈА МАРКОВСКИ“ Е ОГЛЕДАЛО НА МАКЕДОНСКОТО СЕКОЈДНЕВИЕ

Ивана Тасев
Авторот е новинар

 

„Фамилијата Марковски“ е играна ТВ-серија чие дејствие е инспирирано од вистинити приказни од секојдневието на македонските граѓани. Главен сценарист е Огнен Георгиевски, покрај него епизоди имаат напишано и Елеонора Венинова, Бојан Трифуновски и Ева Камчевска како соработник на сценарио. Проектот е во продукција на Арт проект лаб Скопје. Режисер на ТВ-серијата е Даријан Пејовски. Главните улоги ги играат Александар Микиќ, Силвија Стојановска, младата актерка Тамара Ристоска, веќе искусниот актер Владимир Петровиќ, а ликот на најмалото дете од семејството му е доделена на Петар Петковски на кого ова му е прво актерство искуство. Во серијата се појавува цела плејада искусни актери како Сабина Ајрула, Сашко Коцев, Горан Трифуновски, Драган Спасов-Дац, Јовица Михајловски, Петар Мирчевски, Предраг Павловски, Нино Леви, Зоран Љутков, Ивица Димитријевиќ, Сара Климовска... Во „Фамилијата Марковски“ голем дел од улогите ги толкуваат млади основци и средношколци кои првпат се појавуваат во телевизиски проект.


Александар Микиќ во „Фамилијата Марковски“


Сашко Коцев во „Фамилијата Марковски“

 


Даријан Пејовски, режисер на ТВ-серијата „Фамилијата Марковски“

НЕ Е ВИНОВНА ПУБЛИКАТА КОЈА БЕШЕ БОМБАРДИРАНА ОД ТУРСКИ И ШПАНСКИ СЕРИИ
„Фамилијата Марковски е приказна за едно македонско семејство кое, како и многу други, заслужува да живее подобро. Секој од петте члена на семејството води своја мала битка со општествените проблеми и на некој начин се буди, осознава дека токму со тие мали победи може да се влијае на целиот систем. Приказна што е инспирирана од нашето секојдневие. Публиката ќе го препознае јазикот, фразите што ги користиме за да ја опишеме целава наша турбулентна реалност. Содржината на серијалот е директно инспирирана од работи што се случија изминативе години и, за жал, веројатно сѐ уште се случуваат: од урбанистичка мафија до партизирани институции и притисоци во јавната администрација, до здравствениот систем и образованието, сексуалната слобода... Вистинското прашање е како долгорочно да се подобри квалитетот на програмата што се емитува. Не може да се бара виовникот во публиката која е бомбардирана од турски и шпански серии. Мислам дека со квалитетна домашна програма вниманието ќе се сврти многу лесно“. 

       Фотографии: Арт проект лаб

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top