Е-Б-Ф-Б
ПОВТОРНО ББ- СО СТАБИЛЕН ИЗГЛЕД, ОДЛУЧИ СТАНДАРД И ПУРС ЗА МАКЕДОНИЈА

блиц Македонија

Стандард и Пурс (Standard & Poors) го потврди кредитниот рејтинг на Македонија ББ- и му додели стабилен изглед. Според агенцијата оценката се темели на балансирани ризици меѓу траекторијата на јавниот долг и политичката неизвесност, од една страна и поволните економски перспективи на земјава, од друга страна. Агенцијата предвидува скромен раст од 1 %  за 2017 година поради, како што пишуваат, ефектот од политичката криза врз негативните движења на БДП во првата половина на годинава. Буџетскиот дефицит во 2017 година агенцијата очекува да изнесува околу 3 %, односно него агенцијата го проценува на нивото предвидено во ребалансот на Буџетот. Агенцијата прогнозира зголемување на просечен раст на БДП на ниво од 3 % меѓу 2018 и 2020 година при позитивен придонес на инвестициите, потрошувачката и нето-извозот. За 2017 година, и покрај предвидениот дефицит, агенцијата очекува јавниот долг да изнесува 46,5 % од БДП со што агенцијата ја оценува задолженоста на Македонија како умерена. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top