Општество
УМЕТНОСТ

Лидија Георгиева
Авторката е дизајнер, редовен професор

Во центарот Помпиду (или како што го нарекуваат парижаните Бобур) огромна посетеност имаше ретроспективната изложба на Дејвид Хокни кој го слави својот 80-ти роденден. Покрај неговите славни сцени од хедонистичкиот живот на базените низ Калифорнија, беа презентирани и цртежи, отпечатоци, видео инсталации и дела од неговите почетоци. Секако неизбежна е и постојаната поставка која нуди можност да се ужива на исто место во Кандински, Маљевич, Пикасо, Брак, Фернанд Леже и останатите гиганти на современата уметност на минатиот век.

 

Во рамките не фестивалот Џеркоф, кој расте по важност од година во година, Винсент Воила во Галерија 19 на поетичен начин го раскажува својот „Поток на малку“, посматрајќи ја ерозијата, смената на пејзажи, употребата на градежни материјали и штетата која се нанесува на планетата.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top