Е-Б-Ф-Б
ОЕЦД ПРЕДЛАГА РЕФЕРЕНДУМ ЗА ПОНИШУВАЊЕ НА БРЕГЗИТ

блиц свет

Во својот извештај ОЕЦД предупредува на економските последици од БРЕГЗИТ, особено доколку се остварат прогнозите за т.н. „непријателско раздвојување“ што подразбира дека Велика Британија и Европската Унија не постигнале договор за условите под кои би се спровел Брегзит. Тие препорачуваат дека обратен референдум или промена на владината политика во Британија во насока на поништување на одлуката за разделување од Европската Унија би имало значајно позитивно влијание врз економската активност на островот. Премиерот на Британија, Филип Хамонд, коментирајќи го извештајот на ОЕЦД изјави дека Владата на Британија ќе ги земе предвид анализите и заклучоците и дека ќе реагира соодветно на можностите. Тој отстапи од досегашните позиции за т.н. „тврд Брегзит“ кој беше претставуван како придобивка за британските компании, најавувајќи промена на приоритетите, ставајќи ја на прво место мирната транзиција на процесот. Според извештајот на ОЕЦД, од исклучителен интерес на Британија и на ЕУ е да се зачуваат блиските економски и општествени релации, дури и при целосна реализација на Брегзит. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top