Е-Б-Ф-Б
КОИ СЕ ДЕСЕТТЕ ЗЕМЈИ НАЈГОЛЕМИ ИНВЕСТИТОРИ И ПРИМАТЕЛИ НА СТРАНСКИ ДИРЕКТНИ ИНВЕСТИЦИИ ВО СВЕТОТ?


Податоците претставени во графиконите се податоци што Меѓународниот монетарен фонд ги добива од анкета што ја спроведува еднаш годишно од 2009 година наваму. Податоците од анкетата имаат цел да го подобрат квалитетот на статистиката на билансот на плаќање. Првиот графикон ги презентира земјите што најмногу инвестираат во странство во форма на странски директни инвестиции. Сосема разбирливо речиси сите земји од графиконот се од групата на економски најсилните во светот. Напомнуваме дека прикажаните податоци се во милијарди американски долари, што ги прави бројките фасцинантно големи.

Топ 10 земји инвеститори на директни инвестиции во странство (во милијарди УСД, 2015 год.)

Вториот графикон покажува кои земји се најголеми приматели на странски директни инвестиции во светот. Не е изненадување тоа што се работи за речиси истите земји од првиот графикон. Прилекува внимание фактот дека Кина (делот без Хонгконг) се појавува во оваа група, а ја нема во првиот графикон. Истото важи и за Сингапур. Карактеристично е и тоа дека трите највисоко рангирани земји од вториот графикон имаат помало учество во вкупниот износ на примени странски директни инвестиции (53,7 %) во споредба со трите земји најголеми инвеститори од првиот графикон (60,7 %). 

Топ 10 земји приматели на странски директни инвестиции (во милијарди УСД, 2015 год.)

 

Зоран Јовановски

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top