Е-Б-Ф-Б
ЕУ 28 Е НАЈГОЛЕМИОТ ТРГОВСКИ ПАРТНЕР НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Графиконите покажуваат дека ЕУ, како групација од 28 земји, е најважниот надворешно-трговски партнер на Република Македонија. Притоа со текот на времето се стеснува трговскиот дефицит на Република Македонија во размената со ЕУ 28. Извозот во ЕУ 28 е зголемен од 2 350 милиони евра во 2013 година на 3 459 милиони евра во 2016 година. Учеството на извозот во ЕУ 28 во вкупниот извоз на Република Македонија се зголеми од 72,6 % во 2013 година на 79,9 % во 2016 година, односно 81,5 % во првите седум месеци од 2017 година. Најважен пазар е Германија каде што отиде речиси половина (47 %) од вкупниот извоз на Република Македонија во 2016 година по што следуваат Бугарија (5,2 %) и Србија (4,5 %).

Извоз и увоз на Република Македонија во и од ЕУ 28 (во милиони евра)

 

На страната на увозот, во периодот 2013 – 2016 година, увозот од ЕУ 28 е зголемен од 3 125 милиони евра на 3 784 милиони евра. Но, нема пораст на учеството на ЕУ 28 во вкупниот увоз на Република Македонија. Во 2013 година тоа изнесува 62,7 %, а во 2016 година 62 %. За разлика од извозот, кај увозот на Република Македонија од ЕУ 28 постои значително поправилна дистрибуција по земји. Во 2013 година, најголемо учество во вкупниот увоз имаа Велика Британија (11 %), Грција (10,6 %) и Германија (10,5 %). Во 2016 година, најголемо учество имаше Германија (12,3 %), а потоа Велика Британија (10,7 %) и Србија (7,5 %).

Учество на ЕУ 28 во вкупниот извоз и увоз на Република Македонија (во %)

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top