Општество
СТУДИСКА ТУРА НА МАКЕДОНИЈА2025 ЗА ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ И МЕНАЏЕРИ ВО ТОРОНТО


Во партнерство со ИЗВРШЕН ОБРАЗОВЕН ЦЕНТАР ШУЛИХ - Торонто, Канада

 

Генерални информации: 

Македонија2025 нуди целосни стипендии за искусни менаџери, извршни директори и претприемачи од Македонија. Програмата е имплементирана во соработка со Извршниот образовен центар Шулих при Универзитет Јорк во Торонто - Канада, кој е клучен дел од Шулих школата за бизнис. Центарот овозможува образование кое е фокусирано, практично и што може веднаш да се примени. Важно да се нагласи е нивниот интерес за овозможување ваков вид образование да биде достапен и за професионалците од Македонија. Програмата има за цел да ги подобри и усоврши вештините на учесниците, кои се во тек со трендовите на глобалното бизнис општество кое постојано се менува. Исто така, програмата нуди уникатна можност за вмрежување, која може значително да им помогне на компаниите што сакаат да извезуваат надвор од Македонија, да бидат поприсутни на светскиот пазар.

Шулих школата за бизнис, која е дел од Универзитетот Јорк во Торонто - Канада е рангирана меѓу топ 10 бизнис школи во светот, според Financial Times, Forbes, Business Week, The Wall Street Journal и The Economist.



Програмата се состои од:

  • Учесниците можат да учествуваат на еден модул за извршно образование во траење од 5 работни дена за време на курсот во јуни 2018;
  • Трошоците за запишување, школарина и административните такси се покриени од страна на Македонија 2025;
  • Учесниците се обврзани самостојно да ги покријат трошоците за патување и сместување;
  • Учесниците имаат можност за пракса/ директно набљудување на работата во канадска компанија врз основа на индустријата и професионалниот профил;
  • Учесниците ќе имаат можност да се запознаат со бројни канадски компании и да учествуваат на деловни состаноци, кои се претходно испланирани и организирани од Македонија2025;
  • Учесниците ќе имаат единствена можност за вмрежување со членовите и поддржувачите на Македонија2025 кои живеат во Канада, преку настан организиран од самите членови на Македонија2025;
  • Апликантите може да одберат еден од предложените курсеви за извршно образование (видeте ја листата подолу);
  • Секој учесник треба да има предвид дека треба да престојува во Канада минимум две до три недели (во зависност од траењето на обезбедената пракса).

 

Листа на курсеви за извршно образование:

 

Критериуми за аплицирање:

  • Врвни македонски извршни директори, менаџери на повисоки позиции и докажани претрпиемачи лоцирани во Македонија, кои планираат својата професионална кариера да ја продолжат во Македонија и да придонесат за економскиот развој на земјата;
  • Минимум 5 – 7 години релевантно искуство на менаџерска позиција;
  • Препорачливо е да бидат претставници на извозно ориентирана компанија;
  • Завршени додипломски или постдипломски студии;
  • Одлично познавање на англискиот јазик;
  • Способност за прилагодување кон работа со меѓународни тимови;
  • Желба за учење, надградување на вештините и применување на знаењата во компанијата;
  • Можности за проширување, развој на компанијата и споделување знаења во самата компанија;
  • Спремност за возвраќање и вложување во заедницата, како и менторирање на млади професионалци.

За повеќе информации отворете го следниот ЛИНК

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top