Е-Б-Ф-Б
ПРОИЗВОДСТВОТО ВО ПРЕРАБОТУВАЧКАТА ИНДУСТРИЈА СЕ НАМАЛУВА, А ОПТИМИЗМОТ РАСТЕ


Преработувачката индустрија во Република Македонија има најголем удел во вкупното индустриско производство и тој со текот на времето се зголемува, па од 75,7% во 2012 година достигна 82,9% во 2017 година. Како што може да се види од графиконот, за првпат по 2012 година, во првите осум месеци од 2017 година во споредба со истиот период од минатата година преработувачката индустрија бележи пад од 1,3%. Тоа е значително отстапување во непосакувана насока по високите стапки на раст во периодот 2014-2016 година. 


Преработувачка индустрија во РМ (промена во %)

Во Анкетата на Државниот завод за статистика испитаниците се изјасниле дека процентот на искористување на нивните производствени капацитети останал речиси непроменет во периодот септември 2016 – септември 2017. Во претходниот графикон е прикажано дека преработувачката индустрија во 2017 година регистрирала пад. Но, вториот графикон покажува дека сепак, и покрај тоа, индикаторот на доверба за деловните тенденции во преработувачката индустрија се зголемува. Истовремено се зголемува и оптимизмот за бројот на вработени во наредните три месеци. Времето ќе покаже дали ваквиот оптимизам има своја економска подлога.


Деловни тенденции во преработувачката индустрија - Индикатор на доверба

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top