Е-Б-Ф-Б
Што очекувате од 2018 година? Николче Петкоски: ВЛЕГУВАМЕ ПОДГОТВЕНИ ДА ОБЕЗБЕДИМЕ ШТО ПОДОСТАПНИ И МОДЕРНИ БАНКАРСКИ УСЛУГИ

Претседател на УО на Еуростандард Банка

Се надеваме дека 2018 година ќе донесе подобрување и нови можности за напредок на стопанството и на економијата. Денес бројните технолошки промени, интернационализацијата на бизнисите и растечката глобална конкуренција диктираат сè подинамични услови за работа и за развој. Токму преку иновациите и поддршката на еден динамичен и флексибилен сектор, како што се малите и средни претпријатија, можеме полесно да се адаптираме и да одговориме на пазарните промени и на потребите на потрошувачите. Во 2018 година влегуваме подготвени да обезбедиме што подостапни и модерни банкарски услуги. Со бесплатното електронско и мобилно банкарство нашите клиенти во секое време имаат пристап до нашите услуги и имаат пониски трошоци. Од друга страна, постојано работиме на развојот на нови атрактивни производи и услуги, партнерства со други компании и сл. за поразновидна понуда за клиентите. Како и до сега, банката ќе стави посебен акцент на понудата на производи и услуги кои се наменети за најстарата група клиенти – пензионерите. Во прашање се банкарски услуги со низа поволности креирани да одговорат на потребите токму на оваа група граѓани.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top