Е-Б-Ф-Б
Што очекувате од 2018 година? Сашо Наумоски: НОРМАЛИЗИРАЊЕ НА ЕКОНОМИЈАТА

Генерален директор на Витаминка, Прилеп

Нормализирање на економијата. Тоа е очекувањето за 2018 година. Бевме сведоци на бурни години кои оставија белег и на економијата. Како компанија имаме големи предизвици пред нас, а тоа се редефинирање на целите и насочување на нови пазари. Стратегијата на компанијата е да се шири бидејќи истражувањата што ги спроведуваме во неколку таргетирани пазари покажаа потреба од нашите производи. Но, покрај нашите планови за извоз, морам да напоменам дека на македонските компании потребен им е и инпут од државава во насока на пласман и пробивање на странските пазари, развој на нови производи, олеснување на процедурите за секоја компанија што сака да инвестира. Голем дел од нашата работа зависи и е во корелација со тековни проблеми и состојби што треба да се променат во секторот и на пазарот. Очекуваме реална промена, почитување на правилата. Ние, како стопански субјекти, вложуваме во сопствениот развој, но таа инвестиција потребно е да добие поддршка затоа што нашиот развој значи развој за пазарот, за економијата и воопшто социјалниот статус. Очекувам успешна година, посебно затоа што 2018 година е година на Стоби флипс кој обележува 40 години од постоење на брендот.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top