Е-Б-Ф-Б
Што очекувате од 2018 година? Никица Мојсоска-Блажевски: ДА СЕ НАМАЛАТ Т.Н. ПАРАФИСКАЛНИ ДАВАЧКИ НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

Професор, Универзитет Американ колеџ, Скопје

Како и минатата година, и оваа година очекувам фокусот на носителите на политиките да се сврти кон економијата наместо кон политиката. Очекувам економијата да заздрави и да се врати на патот на повисоки стапки на економски раст. Економската политика на новата влада сѐ уште не е доволно прецизно артикулирана, што оневозможува да се процени ефектот врз растот на економијата. Инвестициите (и приватни и јавни) мора да се зголемат, особено оние насочени кон продуктивните расходи кои би донеле раст на долг рок. Поддршката за секторот на претпријатија треба да се зацврсти низ неколку елементи:
1) натамошно подобрување на општите услови за вршење бизнис (олеснување на административниот товар врз фирмите и развивање поквалитетни услуги кон нив);
2) поддршка на компаниите за раст и создавање работни места, со посебен акцент на микро и мали компании кои имаат потенцијал за раст;
3) намалување на јавните давачки на претпријатијата кои не се даноци, а ги оптоваруваат компаниите (т.н. парафискални давачки).
Па, го очекуваме Дедо Мраз.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top