Е-Б-Ф-Б
ЕМИРАТС НАРАЧА 40 АВИОНИ ОД БОИНГ ЗА НАД 15 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ


Уште на самиот почеток на саемот за авиони во Дубаи домаќинот, авиокомпанијата Емиратс (Emirates), потпиша договор со американскиот производител Боинг (Boeing) да купи 40 авиони од типот „787-10 дримлајнер“ (Dreamliner) за 15,1 милијарда долари. Договорот дојде како изненадување на саемот имајќи ги предвид информациите од кулоарите дека се подготвува големата прес-конференција на конкурентот на Боинг, Аирбас (AirBus), која беше одложена кратко пред објавата на договорот меѓу Емиратс и Боинг. „Правевме споредба на две јаболка, но 787 на Боинг излезе ’најдобра опција‘ за Емиратс земајќи ја предвид целата понуда вклучувајќи го и одржувањето“, изјави претседателот и главен извршен директор на Емиратс, Шеик Ахмед Бин Саед Ал Мактум. Еден боинг од класата „787-10 дримлајнер“ чини преку 300 милиони долари, а испораката според договорот треба да почне во 2022 година. По завршувањето на сегашната нарачка, Емиратс во своето портфолио ќе има 204 летала со широко тело, боинг, во вредност од над 90 милијарди долари.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top