Е-Б-Ф-Б
ЗАПОЧНА СО ГРАДБА БРЗАТА ПРУГА БЕЛГРАД – БУДИМПЕШТА

блиц свет

Со отстранување на досегашниот колосек на железничката станица во Земун беше означен стартот на изградбата на брзата пруга меѓу Белград и Будимпешта. Во следните три години, кинеската компанија Чајна реилвејз интернешнал треба да ги замени железничките линии од главниот град на Белград до Стара Пазува со што првите 35 километри од делницата Белград – Будимпешта ќе можат да се возат со брзини од 200 километри на час. „Ова е досега најголемиот проект на кинеската иницијатива ’Еден појас, еден пат‘, но и првиот проект кој ја спојува Кина со Европската Унија преку Србија“, истакна премиерката на Србија Ана Брнабиќ по повод стартот на изградбата на пругата. Вредноста на овој договор за првата траса надминува 350 милиони долари, додека севкупната изградба на пругата за поврзување на Белград со Будимпешта се проценува дека ќе надмине две милијарди долари. Во пошироката верзија овој проект треба да продолжи јужно преку Ниш до Скопје и потоа до пристаништето Пиреја во Атина, кое е веќе под кинеска управа. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top