Општество
ПРЕКУ ЕЛЕКТРОМОБИЛНОСТ ДО ПОДОБРА ЖИВОТНА СРЕДИНА

блиц Македонија

На паркинг-просторот пред Зоолошката градина во Скопје беше промовиран едниот од повеќето полначи за електрични возила во Скопје. Овој настан е резултат на плодната соработка меѓу ЕВН Македонија, Градот Скопје и Јавното претпријатие Градски паркинг. Присутни беа градоначалникот на Град Скопје, г. Петре Шилегов, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, г. Штефан Петер и останати претставници и гости. ЕВН Македонија, освен што активно учествува во поставување полначи, за свои работни потреби користи и електрично возило, и со тоа директно придонесува во подигнување на свеста кај граѓаните за заштита на животната средина и намалување на штетните гасови. Полначите за електричните возила се инсталирани во различни места во Скопје каде што има голема фреквенција на луѓе. Сопствениците на електричните возила имаат можност во 2018 г. бесплатно да ги полнат своите возила на неколку локации низ Скопје, кај плоштад Македонија, Зоолошка градина, Градско собрание, Рамстор – Центар и Капитол мол.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top