Е-Б-Ф-Б
ММФ: ИНФРАСТРУКТУРНИТЕ ПРОЕКТИ НА ЗАПАДНИОТ БАЛКАН ДА НЕ СТАНАТ ЖРТВИ НА ПОЛИТИЗАЦИЈА


Земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Поранешна Југословенска Република Македонија, Црна Гора и Србија) имаат недоволно развиени транспортни, електрични и телекомуникациски мрежи, во споредба со просекот на Европската Унија (ЕУ). Затворањето на јазот во јавната инфраструктура ќе му помогне на регионот да ги достигне животните стандарди на Западна Европа. Но, од каде ќе дојдат парите? Ќе биде потребно зголемено финансирање и од домашни и од странски извори. Исто така, неопходно е подобро планирање и имплементација на јавни инвестициски проекти, се вели во еден неодамнешен извештај.

Со појавата на глобалната финансиска криза, конвергенција на приходите кон нивото на ЕУ значително забави во земјите од Западен Балкан. Економскиот развој на регионот напредува бавно. Ако земјите сакаат да го затворат јазот во животниот стандард со ЕУ, тие ќе треба да најдат начин за повторно да го засилат економскиот раст.

ММФ ја идентификува основната јавна инфраструктура што недостасува во регионот како значајна пречка за повисок економски раст. Подобри транспортни, енергетски и телекомуникациски мрежи ќе им помогнат на земјите од Западен Балкан да ја зголемат продуктивноста, да се интегрираат подлабоко во крвотокот на глобалната трговија и да ја подобрат атрактивноста на регионот за странските инвестиции. Анализата покажува дека регионално координиран притисок врз јавната инфраструктура, заедно со подобро управување на конкретните проекти, би можело значително да го зголеми приходот по глава на жител. Долгорочната добивка на реалниот БДП по човек би можела да достигне и до 3-4 процентни поени.

Но, достигнувањето на инфраструктурните нивоа на ЕУ е тешко: јавните инвестиции бараат прилично големи буџетски ресурси и силни институционални рамки кои го регулираат изборот, извршувањето и следењето на проектите. Овие два услови во голема мера недостасуваат во земјите на Западниот Балкан. Повеќето земји во регионот веќе имаат високо ниво на јавен долг, а некои имаат висок буџетски дефицит. Потешкотијата во пристапот на меѓународните пазари на капитал ја ограничува ликвидноста. Управувањето со јавните инвестиции е исто така слабо.

И покрај пречките, потенцијалните придобивки од подобрување на инфраструктурата јасно укажуваат на потребата земјите од Западен Балкан да инвестираат во модернизација на нивните транспортни артерии како и во енергетската и телекомуникациската инфраструктура. ММФ ги препорачува следниве активности:

• "Инвестирање во инвестирање": зајакнување на капацитетот за планирање, избирање и спроведување на инфраструктурни проекти би обезбедилe сигурност во поглед на тоа дека расположливите ресурси ќе бидат подобро искористени и би ја подобриле способноста на регионот да го апсорбира достапното финансирање од страна на донатори. Важно е исто така, инфраструктурните проекти да не станат жртви на политизација. Земјите можат да го избегнат тоа со воспоставување на планови за јавни инвестиции врз основа на конкретни, мерливи цели и методологии за транспарентно оценување.

• Многу од инфраструктурните мрежи се протегаат преку границите. Поради оваа причина, ќе биде од суштинско значење подобра регионална координација на инвестициските проекти.

• Земјите треба да размислат за заштеда во нивните повторливи трошоци за да надат ресурси за скапи проекти. Владите би можеле да создадат дополнителен простор за маневрирање преку проширување на нивната даночна основа (со елиминирање на исклучоците и даночните олеснувања) и зајакнување на усогласеноста со даноците, при што и двете резултираат во зголемување на приходите.

• Надворешното финансирање би требало да одигра поголема улога во развојот на јавната инфраструктура во земјите од Западен Балкан, оставајќи ги домашните финансиски ресурси да им служат на потребите на приватниот сектор. Официјалното донаторство, мултилатерално и билатерално финансирање врз концесиски услови ќе мора да одиграат доминантна улога, особено во земјите со високо ниво на јавен долг.

• И последно, но не и најмалку важно, земјите не треба да ја загрозуваат нивната севкупна макроекономска стабилност преку преамбициозни или слабо извршени проекти за јавна инфраструктура. Размерите помеѓу економскиот раст, инфлацијата и надворешните дефицити на тековната сметка треба да бидат клучен елемент за секоја политичка дискусија во врска со зголемување на јавната инфраструктура во регионот.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top