Е-Б-Ф-Б
ГРУПАЦИЈАТА ТРИГЛАВ ГИ ПРЕТСТАВИ ДЕЛОВНИТЕ ПЛАНОВИТЕ ЗА 2018 ГОДИНА

блиц Македонија

Групацијата Триглав, водечка осигурително - финансиска групација во регионот Адрија, во 2018 година ќе продолжи со стриктно спроведување на својата стратегија 2017 – 2020 година. Работењето на Групацијата во 2018 година и натаму ќе биде финансиски цврсто и профитабилно. Групацијата очекува дека ќе ги задржи високите кредитни рејтинзи (A) од страна на двете признати рејтинг агенции. Бруто-добивката на Групацијата е планирана во висина меѓу 80 и 90 милиони евра, што претставува зголемување од 10 милиони евра или преку 10 %. „За 2018 година си зацртавме амбициозни цели, планираме повисока премија и бруто-добивка. Се потпираме на колективната енергија на тимот од повеќе од пет илјади соработници во Групацијата Триглав, кои посветено и доследно го спроведуваат севкупниот сплет на стратешки активности планирани до 2020 година.“ – изјави Андреј Слапар, претседател на компанијата. Групацијата за оваа година планира повеќе од една милијарда евра консолидирана бруто полисирана премија од осигурување. Триглав осигурување Скопје е дел од Групацијата Триглав, а на македонскиот пазар е присутна од 1968 година. 

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top