Интервјуа
НИЕ НЕ СЛЕДИМЕ ПАЗАРНИ ТРЕНДОВИ – НИЕ ГИ СОЗДАВАМЕ

Марвин Рамке
член на бордот на директори на ЕОЅ, одговорен за регионот на Источна Европа

Господине Рамке, Вие сте одговорно лице од Одборот на ЕОЅ за бизнисот на компанијата во Источна Европа. Каква е стратегијата за раст што ја реализирате во Источна Европа?

Во моментов сме присутни во 15 земји од Источна Европа и според тоа сме добро позиционирани на пазарот. Во повеќето земји од Источна Европа, нашата компанија е лидер на пазарот за наплата на необезбедени побарувања. Сакаме да ја задржиме и да ја зајакнеме оваа наша водечка позиција. Во 2016 година исто така почнавме да инвестираме и во обезбедени побарувања. Ќе продолжиме да ги прошируваме и да ги надградуваме потребните знаења во областа на инвестициското банкарство во нашиот регион. Исто така сакаме да ги зајакнеме нашите постоечки односи со клиентите и да воспоставуваме нови секаде каде што е можно. За да го постигнеме ова ќе ги подобриме нашите процеси за наплата на долгови со помош на нови ИТ-решенија.

Какви трендови забележувате во движењата на нефункционалните кредити? Продажбата на нефункционални кредити во Источна Европа се зголеми за дванаесет проценти. Можете ли да ја одржите таа висока стапка на раст како купувач?

Бројот на портфолијата на нефункционални кредити расположливи за продажба се очекува да се зголеми. Ова особено се однесува на балканските држави и на Јужна Европа – со други зборови, главните региони кои се засегнати. Со продажбата на нефункционалните кредити, банките ќе ги намалат ризиците на нивните портфолија на побарувања и ќе ги зголемат приливите на ликвидност, што ќе им овозможи повеќе да се концентрираат на нивната основна дејност. Многу сме задоволни од ваквиот развој на настаните и подготвени сме да одговориме на овој предизвик и да откупиме колку што е можно повеќе портфолија.

Каква е Вашата стратегија и какви се Вашите планови за иднина во Македонија?

Силно веруваме во македонскиот пазар и во македонската економија. Знаеме дека тие обезбедуваат позитивен потенцијал за понатамошен раст на ЕОЅ. Ги следиме трендовите на пораст на продажбата на долгови и подготвени сме да го поддржиме таквиот тренд. Според тоа подготвени сме да инвестираме во откуп на долгови во Македонија во годините што доаѓаат.

Генерално, во што е тајната на успехот на групацијата ЕОЅ?

Нашиот успех е резултат на јасна стратегија што конзистентно ја следиме години наназад. Ние обезбедуваме ниво на услуга кое нашите клиенти многу го ценат, истовремено настојувајќи постојано да ги восхитуваме нашите клиенти со карактер и со технологија. Нашиот успех, според тоа, е резултат на реалистичниот менаџмент и на работата на многу вреден тим.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top