Општество
СРЕДБА ВО ПАРИЗ НА МАКЕДОНСКИОТ И ФРАНЦУСКИОТ МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ


Францускиот министер за Европа и Надворешни работи, г. Жан-Ив Ле Дриан го прими македонскиот министер за Надворешни работи, г. Никола Димитров. Средбата беше можност да се разговара за зајакнување на нашите билатерални односи, пред сè во економската сфера и во областите на безбедноста и на Франкофонијата. Министрите разговараа особено за стогодишнината од крајот на Првата светска војна и за заедничките чествувања во Македонија, на чијашто територија загинаа речиси 20.000 француски војници на Источниот фронт. На средбата се разговараше и за поддршката на Франција кон реформите што ги спроведува Владата како дел од приближувањето на земјата кон Европската унија и се истакна важноста од зајакнување на владеењето на правото. Двајцата министри разговараа исто така и за подготовките за самитот ЕУ - Западен Балкан што ќе се одржи на 17 мај во Софија. Господинот Жан-Ив Ле Дриан се наврати на регионалната соработка и добрососедските односи во регионот на Западен Балкан и ја искажа француската поддршка за тековните преговори што се водат помеѓу македонската и грчката влада во врска со спорот околу името, за да се постигне взаемно прифатливо решение.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top