Е-Б-Ф-Б
ДАНОЧЕН КОНСЕНЗУС 2020 ЗА МЕЃУНАРОДНИТЕ ДИГИТАЛНИ БИЗНИСИ

блиц свет

ОЕЦД објави дека преку 110 земји постигнале заклучок за иницијативата во изградбата на заеднички меѓународен консензус до 2020 година за начинот на кој ќе се оданочат дигиталните бизниси кои оперираат преку границите на резидентните земји од кои потекнуваат. Изминативе години големите дигитални конгломерати како Епл, Гугл, Амазон итн. постојано успеваа да најдат законски можности поради неусогласените законодавства со кои легално ги избегнуваа или значајно ги намалуваа своите даночни обврски. Овие наоди се нотирани во извештајот на ОЕЦД кој беше презентиран на самитот Г20 во Буенос Аирес во кој се потврдува дека постојат значајни предизвици меѓу земјите кои треба да се надминат со цел создавање единствен светски дигитален даночен систем. Клучните сегменти кои треба да бидат дефинирани се критериумите преку кои ќе се дефинира резиденцијата на операциите на компаниите во одредена земја за потоа соодветно да биде утврдена и даночната јурисдикција. Големите европски држави како Германија и Франција веќе дадоа позитивно мислење за иницијативата.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top