Општество
ПРАТЕНИЦИТЕ ОД СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА ФРАНЦИЈА ЌЕ ЈА ПОСЕТАТ МАКЕДОНИЈА


Пратениците од Собранието на Република Франција и членови на “Републиката во движење” (мнозинство), Господин Бертран Сор, Претседател и Господин Грегори Галбадон, Заменик-претседател на групата за француско-македонско пријателство, од 23 до 27 април 2018г. ќе ја посетат Македонија.

Во рамки на нивната посета ќе бидат примени и ќе остварат средби со Претседателот на Република Македонија, Господинот Ѓорге Иванов, Министерот за Надворешни Работи, Господинот Никола Димитров како и Претседателот на пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Француската Република Господинот Панче Иванов како и членовите на групата.

На 25 април, по средбата со Госпоѓа Наташа Петровска, Градоначалник на општина Битола, пратениците Сор и Галбадон заедно со Амбасадорот на Франција Господинот Кристиан Тимоние ќе присуствуваат на комеморативен настан за жртвите од Првата светска војна на француските воени гробишта. По тој повод свечено ќе биде поставено уметничко дело од длабен камен изработено од француски ученици од Гимназијата “Ла Рокел” од Кутанс во Нормандија кои се на училишна размена со Гимназијата “Јосип Броз Тито” од Битола.

Претставниците на медиумите се поканети на тој комеморативен настан кој ќе се одржи во среда на 25 април 2018г. во 10 часот на француските воени гробишта во Битола.

ПРЕПОРАЧАНО

Back to Top