Финансии / Банкарство

БИЗНИС-КОМОРИТЕ НА СРБИЈА И НА МАКЕДОНИЈА ПОБАРАА ЗАДРЖУВАЊЕ НА ДОБРОСОСЕДСКИТЕ ОДНОСИ


Претседателот на Стопанската комора на Србија Марко Чадеж и претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески на средба во Скопје се согласија дека економската соработка меѓу двете земји треба и мора да оди пред политиката и во таа смисла апелираа до владите на двете земји да направат сѐ што е потребно да не се нарушат добрососедските односи. Република Македонија и Република Србија традиционално имаат одлични билатерални политички и економски односи, а интензивно соработуваат и во различни регионални и мултилатерални иницијативи. Економските врски меѓу Србија и Македонија се засноваат на надворешно-трговска и инвестициска соработка, регионално поврзување и заедничка реализација на проекти во рамките на достапните европски фондови за двете земји. Последниве пет години обемот на трговската размена преминува 600 милиони евра годишно со тенденции за раст. Од друга страна, кога ќе се погледнат инвестициските вложувања меѓу двете земји, евидентни се позитивни текови низ годините, а трендот на раст треба да продолжи и во иднина, наведуваат од Стопанската комора на Македонија.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано