Финансии / Банкарство

СО СПОЈУВАЊЕ НА ЛУКСОТИКА И НА ЕСИЛОР СЕ СОЗДАВА ГИГАНТ ВО ПРОИЗВОДСТВОТО НА ОЧИЛА

Италијанската Луксотика (Luxottica), производител на луксузните брендови очила реј бан (Ray Ban) и оукли (Oakley), и францускиот произведувач на оптички леќи Есилор (Essilor) објавија дека договориле спојување на двете компании. Со тоа на пазарот на очила се создава светски гигант чија проценета пазарна вредност е 46 милијарди евра. Основачот на Луксотика (Luxottica), Леонардо дел Векио (81 година), преку семејната холдинг компанија Делфин (Delfin) ќе контролира меѓу  31 % и 38 % од новата компанија Есилор Луксотика (EssilorLuxottica) на чие чело како претседател на компанијата и извршен директор ќе биде Дел Векио кој во моментов е на чело на компанијата Луксотика. Пазарот на очила и контактни леќи веќе со години брзо расте и во 2015 година беше проценет на 1 000 милијарди долари според Консултантската компанија Гренд вју рисрч (Grand View Research). Се очекува дека тој пазар и натаму брзо ќе расте поради стареењето на светското население, сѐ поголемиот број луѓе кои имаат проблеми со видот и сѐ поголемата свест за неопходноста да се чуваат очите.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано