Финансии / Банкарство
СО ЗГОЛЕМЕН ИЗВОЗ И НАМАЛЕН УВОЗ ДО ПОМАЛ ТРГОВСКИ ДЕФИЦИТ СО РУСИЈА
блиц Македонија
Македонија го интензивира извозот во Русија кој во 2016 година достигнал 48,9 милиони евра. Тоа претставува раст на извозот за 39,5 % во однос на 2015 година, а во исто време увозот е намален за 7,2 %. Со тоа е намален и трговскиот дефицит од 153 на 142,9 милиони евра, додека вкупната трговска размена од 189 милиони евра во 2015 година пораснала на 191 милион евра или 15 % повеќе. Според извршниот директор на Македонско-руската комора, Дејан Бешлиев, Македонија на рускиот пазар засега најмногу извезува вино, овошје и зеленчук, но присутна е и со фармацевтската и со машинската индустрија. Тој ги презентираше и резултатите од Саемот за храна и пијалаци во Москва, 24. „Продекспо“, на кој покрај 2 000 компании од 57 земји учествуваа и седум македонски фирми од винската, од млечната и од конзервната индустрија. Од Македонско-руската стопанска комора најавија дека оваа година очекуваат уште подобри резултати и дека веќе се подготвуваат за следниот меѓународен саем во Москва што традиционално се одржува во септември.