Финансии / Банкарство
ДОЈЧЕ БАНК КАЗНЕТА СО 630 МИЛИОНИ ДОЛАРИ ПОРАДИ ПЕРЕЊЕ ПАРИ ОД РУСИЈА
блиц свет
Според американските и британските регулаторни тела, Дојче банк дозволила преку нејзините филијали во Москва, во Њујорк и во Лондон, преку т.н. „дулирани трансакции“, нелегално да се изнесат преку 10 милијарди долари надвор од Русија. Истрагата покажала дека банката пропуштила во повеќе наврати во периодот од 2011 до 2015 година да ја идентификува, да ја истражи и да ја сопре шемата на извлекување финансиски средства од Русија со што овозможила да трае со години. Според шемата, рубљите биле конвертирани во долари преку бројни трансакции со хартии од вредност без каква било економска логика. Со тоа, како што е наведено во спогодбата меѓу регулаторните тела и банката, констатирано е дека институцијата покажала нестручно и несовесно работење дозволувајќи им на „лошите елементи“ во структурата на банката да ги избегнат законските обврски. Американскиот регулатор сега побарува од Дојче банк 425 милиони долари, додека британскиот регулатор 205 милиони долари. Од банката изјавија дека целосно соработуваат со двата регулатора и дека средствата за подмирување на казната се веќе одвоени настрана.