Финансии / Банкарство

ИНСТАЛИРАНАТА МОЌНОСТ НА ВЕТЕРНИЦИТЕ ГИ НАДМИНА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ЈАГЛЕН ВО ЕУ


Производителите на „ветерни фарми“ минатата година поставиле повеќе „моќност“ за производство на електрична енергија од која било друга форма на производство на струја. Со тоа вкупната инсталирана моќност за производство на електрична енергија од ветер минатата година пораснала за 8,3 % на 153 гигавати, сочинувајќи 16,7 % од вкупната инсталирана моќност за производство на електрична енергија, престигнувајќи го со тоа јагленот како извор на енергија и позиционирајќи се на второ место. На прво место сѐ уште се наоѓа гасот како најупотребуван ресурс за производство на струја со инсталирана моќност од преку 20 %. Во споредба со 2005 година, кога инсталираната моќност за производство на струја од јаглен беше водечка учествувајќи со приближно 25 % од вкупната инсталирана моќност, учеството на ветерниците во вкупната инсталирана моќност е скромни 6 %. Покрај релативниот пад на јагленот, констатиран е пад и во инсталираните капацитети на нуклеарно гориво, додека капацитетите на гас, кои сега се водечки според големината на инсталираната моќност, практично го немаат променето своето учество во вкупната инсталирана моќност. 

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано