Финансии / Банкарство

ЕВН ГО ПРОМОВИРАШЕ ПРОЕКТОТ 20-20-20 ВО СРЕДНОТО УЧИЛИШТЕ МИХАЈЛО ПУПИН


ЕВН Македонија потпиша меморандум за соработка со Средното електротехничко училиште Михајло Пупин од Скопје со што се создадоа услови за формирање специјална паралелка за 25 ученици со стручна подготовка која ќе биде поддржана од ЕВН. Со проектот 20-20-20, ЕВН Македонија нуди уникатна шанса за младите со која дваесетина средношколци во 2020 година ќе имаат можност веднаш по завршувањето да заработуваат загарантирана нето месечна плата од 20 000 денари. „Постои побарувачка за квалификувана работна сила и ние мораме да нудиме атрактивна работа со перспектива.“ – истакна Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија. Како што истакнуваат од компанијата, ќе се работи на унапредување на образовниот процес, на наставните планови и програми и на практичната работа со цел подготовка на ученици кои ќе можат директно да се вклучат во работниот процес уште за време на нивното средно образование. Ова ги следи принципите на таканареченото дуално стручно образование и обука што е веќе успешна приказна во Австрија, во Германија и во Швајцарија.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано