Финансии / Банкарство
ПРОДОЛЖУВА ТРЕНДОТ НА ПОЗИТИВНИ РЕЗУЛТАТИ ЗА АЛКАЛОИД
блиц Македонија
Алкалоид АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – декември 2016 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран биланс на успех. Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари – декември продажбите достигнале 6 418 580 770 денари, што е за 7 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Добивката пред финансиските трошоци, даноците и амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1 208 748 918 денари, бележи зголемување од околу 13 %, додека нето-добивката е зголемена за 9 %. Во периодот јануари – декември, вкупните консолидирани продажби достигнале 8 292 770 038 денари, што е за 6 % повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 3 %, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 8 %. Од вкупните консолидирани продажби, 40 % се остварени на домашниот пазар, додека 60 % се остварени на странски пазари. Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари - декември 2016 година изнесувале 712 282 757 денари. Во периодот јануари - декември 2016 година во Алкалоид се реализирани 157 нови вработувања.