Финансии / Банкарство

КИНЕСКИОТ БАНКАРСКИ СИСТЕМ СТАНА НАЈГОЛЕМ ВО СВЕТОТ

 

Кинескиот банкарски систем, според големината на активата, го надмина оној на еврозоната со што стана најголем банкарски систем во светот. Според светските аналитичари тоа го покажува зголеменото влијание на земјата во светските финансиски текови, но и нејзиното огромно потпирање врз задолжувањето како основа за креирање на економскиот раст по финансиската криза од 2009 година. Кинеската економија, мерена според куповната моќ, ја престигна таа на еврозоната уште во 2011 година, но банкарскиот систем на еврозоната остана водечки во светот сѐ до крајот на минатата година. Иако со константен раст, активата на кинескиот банкарски систем достигна 33 илјади милијарди долари кон крајот на 2016 година, додека онаа на еврозоната од преку 40 илјади милијарди долари во 2011 година се намали на 31 илјада милијарди долари минатата година. Колку за споредба, банкарскиот систем на САД има актива од околу 16 илјади милијарди долари, додека оној на Јапонија само седум илјади милијарди долари.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано