Финансии / Банкарство
ИТАЛИЈА ПЛАНИРА ДА ВОВЕДЕ НОМИНАЛЕН РАМЕН ДАНОК ЗА БОГАТИ СТРАНЦИ
блиц свет
За богати странци, кои би ја одбрале Италија како резидентна земја во која би се даночеле нивните приходи, земјата предвидува рамно номинално оданочување од сто илјади евра годишно, без разлика на големината на приходите. Според поранешни официјални лица на даночната управа на Италија, идејата е преку овие поволности да се настапи пред досегашните даночни резиденти на Велика Британија, кои, по референдумот БРЕГЗИТ, бараат начин како своите богатства да ги направат дел од Европската Унија и еврозоната. Проектот предвидува можност за богати индивидуалци, без разлика од која земја доаѓаат, притоа почитувајќи ги даночните обврски на матичните земји. Властите во првиот период сметаат на најмалку илјада резиденти со што ќе се обезбедат дополнителни директни даночни приходи од најмалку 100 милиони евра, како и посредни позитивни ефекти од економските трансакции, вработување за сервисирање на овие услуги, прелевање на приходите во економијата, зголемени трошења во земјата итн. Предлогот треба да добие и уставно одобрување, особено поради загрозување на даночната еднаквост.