Финансии / Банкарство
ЕПЛ 10 ГОДИНИ НЕМА ПЛАТЕНО ДАНОК ВО НОВ ЗЕЛАНД
блиц свет
И покрај остварената продажба од над 4,2 милијарди долари, Епл изминатава декада нема платено ниеден цент данок на Нов Зеланд, покажа истрагата на магазинот Њу Зиланд Хералд. Компанијата мајка, која е 100 % сопственик на претставништвото на Епл во Нов Зеланд, е регистрирана во Австралија, па во согласност со ратификуваните договори меѓу двете земји, во ваков случај данокот се плаќа само во една од земјите. „Епл е најголем плаќач на данок во светот и ние ја сфаќаме важноста на даноците во општеството“ се вели во соопштението на Епл. Истрагата на магазинот потврдува дека Епл пријавил данок од 34 милиони долари, но тој наместо во Нов Зеланд е уплатен во Австралија. Дополнително, голем број аналитичари, но и политичари од Нов Зеланд напомнуваат дека корпоративниот данок во Австралија е 30 % и е повисок од оној на Нов Зеланд, што отвора дополнителни сомнежи за мотивите на Епл за даночна резиденција во Австралија и на активностите кои се одвиваат во Нов Зеланд.