Финансии / Банкарство

ПОЛСКА СЀ ПОДАЛЕКУ ОД ЕВРОТО


Премиерката Беата Шидло соопшти дека Полска планира да ја задржи злотата како национална валута и дека Варшава сега за сега нема план за приклучување на земјата кон еврозоната. Шилдо ова го изјави пред одржувањето на клучниот самит во Рим каде што европските лидери разговараа за иднината на ЕУ по излегувањето на Велика Британија, а Германија и Франција порачуваа дека членките на еврозоната ќе продолжат со интеграцијата и без другите држави. Претходно и полскиот вицепремиер Матеус Мораветци изјави дека Полска нема да го прифати еврото како валута во земјата уште барем 10 или 20 години. Според него, ако земјата се лиши од алатките како можноста за издавање долг, определување на каматните стапки и слободно печатење пари, таа подоцна ќе зажали за оваа одлука. „По 10 до 20 години, кога клучните параметри на економијата ќе ни се слични на оние кои постојат во Германија, Франција и Холандија, ќе ја разгледаме можноста за еврото“, истакна полскиот вицепремиер Матеус Мораветци.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано