Финансии / Банкарство

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ДАДЕ ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА СПОЈУВАЊЕ НА ДАУ И ДУПОНТ


Според договорот, големината на новата компанија формирана со спојување на Дау (Dow) и Дупонт (DuPont) изнесува 130 милијарди долари и се проценува дека ќе обезбеди заштеда во износ од три милијарди долари. Европската комисија не се согласи со првичниот предлог за спојување на двата гиганта, изразувајќи загриженост за можноста од нарушување на ценовната конкуренција, како и загрозување на правото на избор. Сегашното одобрување од страна на Комисијата е условено со заокружување на неколку делови од бизнисот на новата компанија со што би се задоволиле условите за заштита на конкуренцијата. Евентуалниот план предвидува новата компанија да се подели на три целосно независни фирми кои би ги презеле секторите земјоделие, материјали и специјални производи. За да добие зелено светло од Комисијата, Дупонт се согласи да го продаде делот од сегментот за производство на пестициди, вклучувајќи го тука и секторот за нивниот развој.  

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано