Финансии / Банкарство

СТОПАНСТВОТО ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД ГО ЧЕКА КРАЈОТ НА ПОЛИТИЧКАТА КРИЗА

При оценувањето на клучните фактори во Македонија, компаниите како и изминатите години се жалат на дефицитот на правната сигурност, политичката и социјалната стабилност, борбата против корупцијата и криминалот, дисциплината при наплата на побарувањата, по пред се непредвидливата политичка криза која има силно влијание на стопанскиот развој.

 

Компаниите членки на Македонско - Германското стопанско здружение и покрај тоа што се соочуваат со неповолните политички и социјални услови, сепак повторно би се одлучиле својата инвестиција да ја реализираат во Македонија.

Во оваа анкета учествуваа 71 компанија и во споредба со изминатата година тие општата економска состојба ја оценуваат дури за 12% како полоша.  Од компании учесници на анкетата, дури 51% ја оцениле актуелната состојбата како лоша, а само 10% како добра. Во однос на очекуваната перспектива за тековната година 63% од испитаниците сметаатдека состојбата ќе остане не променета, 26% очекуваат да има влошување, само 11% се оптимисти и очекуваат подобрување, што е само 1% повеќе од 2016.

Она што остана запомнето како позитивно, е оценувањето на сопствената деловна состојба, којае подобра од општата состојба во стопанството.Сопствената деловна состојба скоро половина од компаниите ја оценуваат како добра (51%), 46% како задоволителна, а само 3% ја оценуваат како лоша. Со поголем оптимизам од минатата година гледаат германско-македонските компании на тековната година: дури 54% од испитаните компании сметаат на подобрување на состојбата во нивните фирми, 43% прогнозираат дека нема да има промени во деловната состојба, а 3% прогнозираат дека ќе има влошување во споредба со 2016.

Скоро идентични како и минатата година се плановите на компаниите во врска со отворањето на нови работни места и плановите за инвестиции: 44% од компаниите планираат да го зголемат бројот на вработените во однос на минатата година, 6% од компаниите планираат кратење на работните места, 50% од компаниите не планираат ниту зголемување ниту намалување на работните места. Дури за 10% повеќе од  измината година поточно 44% од компаниите сакаат во 2017 да ги зголемат своите инвестиции. Само 13% од испитаните компании планираат кратење на средствата за нови инвестиции.

Со најлоша оценка оваа година беше оценета политичката стабилност во земјата, а потоа следеа останатите фактори кои со години наназад не бележат подобрување:правната сигурност, борбата  против корупција, не предвидливоста на економската политиката, транспарентност при јавните набавки, платежната дисциплината, инфраструктурата, пристап до јавна и финансиска поддршка, како и условите за наука и развој.

Со добра оценка беа оценети факторите во однос на пазарот на трудот во Македонија: продуктивноста и работниот капацитет на вработените, нивните квалификации, нивното академско образование и трошоците за придонеси. Во овој дел германско-македонските компании покажаа задоволство.  Со позитивна оценка беше оценет и даночниот систем и даночните оптоварувања.

Патрик Мартенс, директор на Делегацијата на германското стопанство во Македонија и раководен член на Управниот одбор на Македонско- Германското стопанско здружение: „Тоа е добар знак, дека поголем дел од компаниите и покрај одредени тешкотии сопствената деловна положба ја оценуваат како добра,односно задоволителна. Во времиња кои се тешки и во политиката и во стопанството, не само во Македонија тукуи насекаде во светот, важна е стабилноста и сигурноста на сопствената фирма. Годинава,како и во изминатите години, повторно истите фактори се оценети со оценка недоволен: правната сигурност, дисциплината при наплата на побарувања,  политичка и социјална стабилност, транспарентноста при јавни набавки и борбата со корупција. Сево ова го спречува  долгорочното планирање и доведува до неизвесност кај деловните луѓе, воедно како за домашните така и за странските инвестиции. И покрај наведените проблеми, сепак е охрабрувачки фактот дека 82% од компаниите кои работат во Македонија повторно би инвестирале во Македонија, што е 10% повеќе од минатата година што  е важна порака до потенцијалните инвеститори. Исто така треба да се запрашаме колку политичката криза која трае веќе втора година влијаеше на оценувањето на состојбата во стопанството. Во земјата работат повеќе од 200 компании со германски капитал кои вработуваат 15.000 лица, што игра важна улога на  пазарот на трудот.

Од овие причини многу брзо е потребно решение за актуелната политичка криза, која силно се пресликува на стопанството.“

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано