Финансии / Банкарство

КАМИОНИТЕ НА БРАКО ОТСЕГА И НИЗ СВЕТСКИТЕ МЕТРОПОЛИ

Македонската компанија Брако постигна договор за соработка со меѓународната компанија Грин машин (Green Machine) со што започна да произведува возила за чистење на градски улици. Добивајќи ја лиценцата за започнување на производството, Брако ќе произведе 200 возила во првата година кои ќе бидат пласирани во градови низ САД, Велика Британија, Германија, Франција, Белгија, Данска, Романија, Турција и Кина. Возила кои први ја напуштија производната линија на велешката компанија Брако се моделите GM5 и GM6 кои располагаат со висок капацитет и моќност за чистење на повеќе од 70 000 м2 во еден час. Моделот GM6 е придвижен од високоефикасен дизелски мотор кој остварува минимална емисија на CO2. За посебно истакнување е моделот GM5 кој работи потполно на електричен погон и располага со батерии кои овозможуваат долготрајна работа без непотребни прекини. Технологијата и начинот на работа на ова возило се покажуваат како исклучително пријатни за еколошката средина поради тоа што не врши никаква емисија на штетни честички и гасови.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано