Финансии / Банкарство
ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ НАБРГУ ЌЕ СТАНАТ НАЈЕВТИН ИЗВОР НА ЕНЕРГИЈА
блиц свет
Во новиот извештај кој е поддржан од Обединетите нации (ОН) e нотиран широк консензус од страна на научните истражувачи и аналитичарите од областа дека во наредните 10 години обновливите извори на енергија ќе доминираат во секторот и ќе станат најевтин извор на енергија. Во извештајот се потенцира дека сѐ повеќе и големите меѓународни корпорации се одлучуваат за обновливите извори на енергија како за сопствените потреби, така и при насочување на инвестициите. „Целта е извештајот да покрене аргументирана расправа за можностите и предизвиците за постигнување 100 % снабдување на потребите за енергија од обновливи извори до средината на овој век – изјави Кристијан Ленс, извршниот секретар на Мрежата за обновливи извори на енергија за 21 век (Renewable Energy Policy Network for the 21st Century (REN21)). Таа додаде дека веќе трета година по ред глобалната економија покажува раст од околу 3 % годишно, додека емисиите на гасови кои доаѓаат од енергетскиот сектор бележат намалување. Тоа, смета таа, е поради сѐ поголемата употреба на обновливите извори на енергија, како и енергетската ефикасност.