Финансии / Банкарство
ФИЧ ГО ПОТВРДИ КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ НА РУСИЈА НА НИВО БББ- СО „СТАБИЛНА“ ПРОГНОЗА
блиц свет
Меѓународната Рејтинг агенција Фич (Fitch) го потврди суверениот кредитен рејтинг на Русија на ниво БББ- со „стабилен“ изглед. Според агенцијата, Русија имала соодветен одговор на драстичниот пад на цените на нафтата. Еластичниот менувачки курс, цврстото почитување на таргетираната инфлација, буџетската консолидација и поддршката на финансискиот сектор овозможиле да се задржи буџетскиот и надворешниот биланс на соодветно ниво. Агенцијата очекува во 2017 година намалување на буџетскиот дефицит до ниво од 2,4 %, што претставува цел процентен поен помалку од нивото во 2016 година кога дефицитот беше 3,4 %, додека за 2018 година агенцијата предвидува намалување на дефицитот за уште еден процентен поен, односно на 1,4 % од БДП. Министерството за финансии на Русија позитивно ја оценува одлуката на Фич, изјави министерот за финансии пред новинарите. Според министерот за финансии на Руската федерација Антон Силванов оваа одлука е соодветна на стабилноста на руските државни финансии и во успехот на мерките што ги презема Владата за адаптирање на руската економија кон условите на ниски цени на нафтата.