Финансии / Банкарство
НОВИТЕ ИЗВОРИ НА ГАС ВО ИСТОЧНИОТ МЕДИТЕРАН НАСКОРО ЌЕ СЕ ПОВРЗАТ СО ЕВРОПА
блиц свет
Министрите за енергетика, економија и развој на Израел, на Италија и на Грција потпишаа договор за намери со кој се предвидува изградба на гасовод за снабдување на Европа со гас од новооткриените извори на гас во источниот Медитеран. Предвидениот проект треба да го претставува најголемиот и најдлабокиот подморски гасовод чија вредност достигнува шест милијарди евра. Почнувајќи од изворите во Израел и во Кипар, гасоводот во должина од 2 200 километри треба да обезбеди транзит за гасот до Грција и до Италија од каде што би продолжило снабдувањето на овој дел од Европа. При потпишувањето на спогодбата, италијанскиот министер за развој Карло Календа го оцени проектот како врвен приоритет за Италија, додека министерот за енергетика на Грција Гиоргос Статакис истакна дека Израел претставува најсигурна опција за снабдување со гас. По пронаоѓање на новите извори на гас, Израел и Кипар се во офанзива да се наметнат како трет релевантен регион за снабдување со гас на Европа веднаш по рускиот гас и гасот од Северното Море.