Финансии / Банкарство

ПРВПАТ ПО 135 ГОДИНИ БРИТАНИЈА ЦЕЛ ДЕН НЕ ГИ ЗАПАЛИ ЦЕНТРАЛИТЕ НА ЈАГЛЕН

Во петокот, на 21 април, за првпат по Индустриската револуција, или точно од 1882 година, на територијата на Обединетото Кралство не е употребен јаглен за генерирање електрична енергија еден цел работен ден. Компанијата за пренос на енергија „Национал грид“ соопшти дека Владата планира да ги изгаси последните електрани на јаглен во Британија до 2025 година со цел да се намалат емисиите на јаглерод диоксид. „Да имаме прв работен ден без јаглен од стартот на Индустриската револуција е момент на пресвртница за тоа како се менува нашиот енергетски систем. Велика Британија има придобивки од разновидните и од флексибилните извори на електрична енергија. Нашиот енергетски микс продолжува да се менува и нашата компанија го прилагодува оперирањето за да ги прифати овие промени“, изјави Корди О’ Хара од „Национал грид“. Околу половина од енергијата во Британија дента дошла од природен гас, додека четвртина од нуклеарните централи. Останатите потреби биле задоволени од енергија на ветер, биомаса и електрична енергија од увоз.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано