Општество
ТРИДНЕВНО ДЕЛЕГАЦИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ХАМБУРГ, НА ТЕМА „ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО ОБЈЕКТИ“.
Делегацијата на германското стопанство во Македонија во соработка со министерството за економија и енергетика на Сојузна Република Германија организираше ТРИДНЕВНО ДЕЛЕГАЦИСКО ПАТУВАЊЕ ВО ХАМБУРГ, НА ТЕМА „ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА И ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ВО ОБЈЕКТИ“.
Делегацијата ја сочинуваа 15 претставници на компании од градежната индустрија од Македонија, агенцијата за енергетска енергетика на РМ, Мепсо и консултанти- експерти во сектророт за енергетика од РМ. Ова е показател дека во градежниот сектор има голем интерес за стекнување на нови сознанија во делот на примената на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност при градењето како на деловни, така и на станбени згради.
Целта на ова патување е запознавање со современите технологии кои се користат при изградба на нови објекти, пасивни куќи кои самостојно ги задоволуваат своите потреби од електрична енергија, а вишокот од производството сопствениците го продаваат на либералниот енергетски пазар.
Претсваниците беа информирани од Николас Клостерман од Министерството за животна средина, заштита на природа и градежништво за предностите при користење на обновливи извори на енергија во високо комплексни објекти, како и за мерките за поддршка кои ги добиваат од германската влада при изградба и санација на објектите.
Делегацијата го посети изложбениот центар за модерно и енергетски ефикасно градење во градот Бремен.Овој центар ја има улогата на советодавно тело за идните купувачи на домови, градители на институции и фирми, кој своите услуги им ги доставува безплатно.


Во Хамбург делегацијата направи обиколка низ зелениот појас каде се разгледуваа актуелни енергетски ефикасни проекти прилагодени на климатската структура на градот и овозможува успешно спроведување на мобилниот концепт како и успешна изградба на објекти кои се вклопуваат во зелениот појас.
Последниот ден делагацијата го посети енергетскиот букер во Вилхемсбург, кој во суштина е бункер изграден во втората светска војна и активно користен за заштита на 50.000 граѓани на Хамбург, денес овој бункер е пренаменет и служи како бункер за складирање на електрична енергија.
Ова беше исклучително важна посета за компаниите од Македонија, бидејќи се стекнаа со нови сознанија за енергетски ефикасно градење на објекти. Хамбург е одличен пример на град кој поради пристаништето кое се наоѓа во ценатарот на градот е виското индустријализиран, но сепак е град со оргромнни зелени површини, детски иргалишта од природни материјали, модерни и енергетски ефикасни објекти, но град кој не дозволил и при санација на старите градби во енергетско ефикасни згради да изгубат најмал дел од својата автентичност - соопшти Марија Радевска од делегација на германското стопанство во Македонија која ја предводеше делагацијата.