Финансии / Банкарство

ТИКВЕШ ОДНОВО ГО ПОТВРДИ СТАТУСОТ – НАЈТРОФЕЈНА ВИНАРНИЦА ОД РЕГИОНОТ

Врвните автентични вина на Винарската визба Тиквеш освоија вкупно 25 медали и признанија на трите престижни светски вински натпревари што се одржуваат оваа пролет во Лондон и во Брисел со што Тиквеш го потврди статусот - најнаградувана винарница од Југоисточна Европа. На овие натпревари Тиквеш освои еден златен, 9 сребрени и 12 бронзени медали, а три вина добија специјални признанија за својот квалитет. Вранец спешал селекшн од бербата 2015 освои златен медал на угледниот интернационален вински натпревар – „Интернешнал вајн челенџ“ (International Wine Challenge (IWC)), кој годинава по 34. пат се одржува во Лондон, В. Британија. Истовремено ова врвно вино од жирито на натпреварот доби и посебен епитет –„трофеј меѓу македонските црвени вина“ со што вранец спешал селекшн се најде во исклучително малата група од само 1 % од сите пријавени вина на натпреварот кои го добиваат ова одличје со кое се потврдува дека ги исполнуваат највисоките интернационални стандарди за квалитет. На овој натпревар со сребрен медал се наградени барово (црвено) 2015 и гренаш бланк спешал селекшн 2016, а бронзени медали освоија уште пет други врвни вина на Тиквеш.  

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано