Финансии / Банкарство
АЛИТАЛИЈА ОТИДЕ ВО СТЕЧАЈ
блиц свет
За да избегне банкрот, најголемата авиокомпанија во Италија, Алиталија, отиде во стечај и тоа вторпат во последниве десет години. Од Управата на Алиталија соопштија дека барањето за стечај доаѓа откако вработените го отфрлиле планот за реконструирање кој би овозможил нови инвестиции. Италијанските власти одбија да спроведат уште една ренационализација на компанијата и поставија три стечајни управници кои ќе ја водат Алиталија додека трае периодот на реорганизација. Управниците минатиот месец го започнаа процесот на продажба на компанијата, а прибирањето понуди ќе заврши на 5 јуни. Заклучно со 28 февруари, долговите на Алиталија беа 3 милијарди долари, а за остварување на планот за продажба државата обезбеди дополнителен заем од 600 милиони долари. Според правилата на Европската комисија, мнозински сопственик на компанијата мора да биде европски капитал, додека за инвеститори надвор од Европската Унија дозволен е влез само до 49 %. Алиталија, со која сѐ уште управува Етихад, објави дека и во процесот на реорганизација и продажба летовите ќе се одвиваат според постојниот план.