Финансии / Банкарство

Ц919 – ПРВИОТ КИНЕСКИ ПАТНИЧКИ АВИОН

Првиот голем кинески патнички авион успешно го изведе првиот пробен лет, што е симболична пресвртница за остварување на долгорочната цел на Кина, да влезе на пазарот на производители на кој доминираат компаниите од Западот. Кина очекува дека Ц919 ќе биде конкурент на ербас А320 и на боинг 737. По 80-минутниот лет со петмина пилоти и инженери, авионот Ц919 безбедно слета во Шангај. Државната телевизија ЦЦТВ во живо го пренесуваше слетувањето, а настанот го следеа илјадници функционери, соработници и граѓани. Авионот првично требаше да полета во 2014 година, но роковите беа поместени поради проблеми во производството. Производителот планира да прави два авиона годишно до 2019 година кога би ја добил потврдата за безбедност, а потоа може да почне масовното производство. Комак соопшти дека има 570 нарачки, главно од кинески компании во државна сопственост. Новиот Ц919 сакаат да го купат и 23 компании во светот. Авионот има од 155 до 175 седишта, а стандардно растојание на кое лета му е 4 075 километри.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано