Финансии / Банкарство

ПРОМЕНАТА ОД РАМЕН ДАНОК НА ПРОГРЕСИВЕН ДАНОК НЕ Е НАЈДОБРА ВЕСТ КОЈА БИ САКАЛЕ ДА ЈА СЛУШНАТ СТОПАНСТВЕНИЦИТЕ

Неби Хоџа

Што мислите дека треба да остане непроменето од економските политики на претходната Влада?
Кои се клучните економски потези што треба да ги направи новата Влада?


Сметаме дека промената од рамен данок на прогресивен данок не е најдобра вест која би сакале да ја слушнатстопанствениците. Сметаме дека за стопанствениците прифатлив би бил и прогресивен данок, но со поблаго зголемување. 

Една од мерките за поздравување на новата Влада е поврзување на домашните компании со странските во технолошко-индустриските развојни зони, мерки кои СКСЗМ во континуитет ги предлагаше. 

Ние како СКСЗМ во повеќе наврати сме истакнале дека новата Влада треба да се ангажира за создавање поволни услови за работење на компаниите. Поточно, новата Влада треба позитивно да влијае врз економијата со државна поддршка за поттикнување на домашните претпријатија, создавање здрава и предвидлива деловна клима без политички притисоци и репресии. 

Понатаму несомнено дека за економски раст и развој Владата треба да креира политики за привлекување странски инвестиции, но досегашната практика на привлекување странски инвестиции треба конечно да се напушти и да се креираат нови политики за привлекување странски инвестиции, политики кои би биле исплатливи и би влијаеле позитивно врз нашава економија. 

На крај, иако е нормално секоја земја да се задолжува, но тоа на што треба да им се даде посебно внимание е тоа овие нови задолжувања да не бидат наменети за непродуктивни цели каква што беше досегашната пракса. Овие финансиски средства кои се обезбедуваат преку задолжувања треба да бидат наменети за продуктивни цели, односно за стимулирање на домашните компании, создавање поволна бизнис-клима бидејќи на овие фактори досега им беше мало значењето, а притоа овие се фактори кои се важни за економијата на една земја.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано