Финансии / Банкарство

ОПТИМИСТИЧКА ПРОГНОЗА ЗА СВЕТСКАТА КОНЈУНКТУРА НА СВЕТСКА БАНКА

Светска банка има оптимистичка прогноза за глобалната конјунктура. Благодарение на порастот во индустријата и трговијата, за годинава се проценува пораст од 2,7 проценти. Причина за оптимизам даваат и зголемената доверба на пазарите и опоравувањето во делот на цените на суровините, се вели од Светска банка. Ова е првпат во последниве години Светска банка да не ја намалува својата јунска прогноза во споредба со јануарската поради зголемени ризици. За 2018 и 2019 година се смета дури и на стапка на пораст од 2,9 проценти. Сепак за одделни региони проценките на Светска банка се променети. На пример, во еврозоната сега се очекува пораст од 1,7 проценти, додека во јануари проценката беше за 0,2 проценти помала. За Јапонија проценката е зголемена за дури 0,6 % и сега се смета со стапка на пораст од 1,5 %. Светска банка соопшти дека порастот ќе биде поттикнат од извозот и лабавата финансиска политика. Што се однесува до САД, прогнозата е намалена за 0,1 % и изнесува 2,1 проценти.

ПРЕПОРАЧАНО

Најчитано