Финансии / Банкарство
КИНА Е ЗЕМЈА КОЈА, ВО МОМЕНТОВ, МОЖЕ БРЗО, КВАЛИТЕТНО И СТРАТЕШКИ ДА НИ ПОМОГНЕ ВО РАЗВОЈОТ, ВРАБОТУВАЊЕТО И ПЛАСМАНОТ НА НАШИ ПРОИЗВОДИ
Светозар Јаневски
Претседател на УО на ВВ Тиквеш
Што мислите дека треба да остане непроменето од економските политики на претходната Влада?
Кои се клучните економски потези што треба да ги направи новата Влада?
Она што остана од првите 100 дена да се искористи за одлуки кои даваат брзи и видливи ефекти, особено во делот на владеење на правото, механизмите на пазарната економија, зголемување на економските слободи. Стратегиите можат да бидат оставени за понатаму. Што предлагаме?
Искористување на големиот потенцијал на Кина
- Меѓусебен безвизен режим со Кина заради олеснет проток на луѓе и бизнис
- Иницирање разговори за поголемо учество на Македонија во „Новиот пат на свилата“
- Кина е земја која, во моментов, може брзо, квалитетно и стратешки да ни помогне во развојот, вработувањето и пласманот на наши производи.
ЕУ
- Како дел од Берлинската иницијатива, да се побара поддршка од ЕУ преку проектот Купувајте производиод Македонија.
Даночни реформ
- Во овој момент системот е релативно добар и конкурентен во споредба со даночните системи и погодности што се нудат во околните земји.
- Целта на даночните реформи треба да бидеда се привлечат, а не да се одбиваат инвеститори, без оглед дали се тоа странски или домашни инвеститори.
Аграрот како бизнис наместо како социјала
- Рефокусирање кон аграрот како бизнис и поле за инвестирање наместо кон социјалните аспекти, кон производите со додадена вредност наместо кон примарното производство.
Да се почне со проект за приватизација на земјоделското земјиште како основа инвеститорите да се охрабрат кон подолгорочни проекти и инвестиции со одржливи економски ефекти.