Финансии / Банкарство
ОЧЕКУВАМ ПОДОБРА КОМУНИКАЦИЈА НА ВЛАДИНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ СО БИЗНИС-ЗАЕДНИЦАТА
Штефан Петер
Претседател на УО на ЕВН Македонија
Што мислите дека треба да остане непроменето од економските политики на претходната Влада?
Кои се клучните економски потези што треба да ги направи новата Влада?
Во изминатиов период македонската економија се соочи со серија политички и економски турбуленции. Затоа, ако го ставиме настрана позитивниот придонес на градежниот сектор, дојде до неуспех кај главните генератори на растот како што се финансиските услуги, ИТ-секторот и индустриското производство. Главниот акцент на претходната Влада беше ставен на повисоки јавни расходи и привлекување странски директни инвестиции, што несомнено позитивно придонесе за стабилно намалување на стапката на невработеност и за економски раст.
Во наредниов период вниманието треба да се фокусира на обезбедување тековна ликвидност на економијата и оптимизирање на исплатата на државните трансфери кон економијата со цел да се зголеми потрошувачката на населението, да се обезбеди повисок животен стандард и со тоа да се забрза економската активност. Дополнително новата Влада треба да се фокусира на довербата на инвеститорите. Во однос на тоа очекувам подобра комуникација на владините претставници со бизнис-заедницата, особено во сегментот на создавање појасни и поприменливи регулативи кои се во согласност и со бизнис-логиката. На крајот, сите ние работиме за подобра македонска економија, одржливост и просперитет.