Финансии / Банкарство
ИАКО БАВНО, АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА СЕПАК РАСТЕ
блиц свет
Новите податоци покажуваат дека американската економија, во првиот квартал од годинава, растела побрзо отколку што беа првичните проценки најмногу поради порастот на личната потрошувачката и на извозот. Од Одделот за трговија велат дека во јануари, февруари и март американската економија пораснала за 1,4 проценти споредбено со првиот квартал минатата година, што е за 0,2 поени повеќе отколку што се прогнозираше. Интересно е што и покрај натфрлувањето на прогнозите, некои експерти ваквиот тренд го оценија како разочарувачки. Главниот економист на „Ај-ејџ-ес Маркит“ (IHS Markit) Нариман Бехравеш и аналитичар во Банката на федерални резерви во Атланта очекува растот значително да се зацврсти во следниот квартал. Во друг извештај од Одделот за труд се вели дека минатата недела 244 000 Американци се пријавиле за бенефиции поради невработеност. Иако тоа покажува благ пораст, во согласност со тенденциите, сепак е доволно ниско за да се каже дека пазарот на труд е здрав. Стапката на невработеност, која се објавува месечно, е на најниско ниво во последниве 16 години, од 4,3 проценти.